Николоски: Клучот за решавање на прашањето со Софија е во рацете на пет-шест големи земји членки на ЕУ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека доколку се врати апетитот за проширување во пет до шест поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема да биде една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија. Оваа оценка тој ја изнесе во вечерашното гостување во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија, каде што детално ја образложи својата теза за иднината на европскиот пат на државата. Николоски беше многу прецизен во формулацијата на својот став, нагласувајќи дека не зборува за апетит за проширување во Брисел, ниту во Европската комисија или во институциите на Европската Унија како целина. „Мојата клучна теза зад која стојам е дека доколку се врати апетитот за проширување, особено кај пет-шест поголеми земји членки на Европската Унија, проблемот со Софија ќе се реши. Меѓутоа, сум многу прецизен: не велам апетит за проширување во Брисел, не велам апетит за проширување во Европската комисија или во институциите на Европската Унија, туку велам апетит за проширување во пет-шест поголеми и позначајни земји членки на Европската Унија“, изјави Николоски. Тој предупреди дека доколку тој апетит не се врати, државата ќе остане во ситуацијата во која се наоѓа сега. Сепак, според него, задача на македонските власти е паралелно со европските интеграции да продолжат со спроведувањето на реформите, да ја јакнат државата економски и политички и да градат модерна држава. „Наша работа е да ги спроведуваме реформите, да ја јакнеме државата економски и политички и да градиме модерна држава“, оцени вицепремиерот. Во своето гостување Николоски се осврна и на европската финансиска поддршка и инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека државата добива значајни грант-средства од Европската Унија за железничките и патните делници. Тој информираше дека има 149 милиони евра грант за првата фаза од железницата, како и уште околу 30 милиони евра за втората фаза, која е во тек. Дополнително, посочи дека има 20 милиони евра за автопатот, ка

Николоски: Клучот за решавање на прашањето со Софија е во рацете на пет-шест големи земји членки на ЕУ | FinPortal.mk

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека доколку се врати апетитот за проширување во пет до шест поголеми земји членки на Европскат