Николоски и Ал Себуси отворија перспектива за нова авиолинија меѓу Македонија и ОАЕ

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Ал Себуси, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот. Според соопштението по средбата, постои огромен потенцијал за продлабочување на соработката во овие области, а целта е во наредниот период да се создаваат услови за реализација на конкретни инвестиции и проекти од заемен интерес. Посебен фокус на средбата беше ставен на можностите за соработка во авиосообраќајот и воспоставување на нова авиолинија помеѓу двете земји. Отворањето на директна воздушна врска се оценува како значаен чекор што би можел да го зајакне не само патничкиот, туку и деловниот сообраќај меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати. На средбата се отворија и прашањата за инвестиции во транспортната инфраструктура, вклучително и во реализацијата на крупни инфраструктурни проекти кои имаат регионално значење. Вицепремиерот Николоски ги потенцираше инвестициските можности и услови што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ја поволната географска положба на земјата, нејзината поврзаност со регионалните транспортни коридори, како и можностите за реализација на проекти од стратешко и инфраструктурно значење. Се разговараше и за унапредување на туризмот меѓу двете земји, како и за потенцијалот за инвестиции во туристичката инфраструктура и развој на нови туристички понуди. Во тој контекст беше истакнат и потенцијалот за воспоставување на соработка со компании и инвеститори од Обединетите Арапски Емирати во повеќе стратешки области од значење за Македонија. На средбата беше заклучено дека постои огромен простор за соработка, а целта е во наредниот период да се создаваат услови за реализација на конкретни инвестиции и проекти од заемен интерес. Двете страни изразија подготвеност за натамошна координаци

Николоски и Ал Себуси отворија перспектива за нова авиолинија меѓу Македонија и ОАЕ | FinPortal.mk

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија