Николоски: „Флајдубаи“ ќе лета директно Дубаи – Скопје од март 2027 година
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Директна авионска линија меѓу Дубаи и Скопје ќе биде воспоставена од март 2027 година, со почетокот на новата сезона на летање. Ова го соопшти заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Според него, линијата е веќе договорена, а летовите ќе ги реализира авиокомпанијата „Флајдубаи“. „Со почетокот на новата сезона на летање, односно од март 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Тоа е веќе договорено и ‘Флајдубаи’ ќе почне во март 2027 година да лета директно од Дубаи до Скопје“, изјави Николоски пред пратениците. Тој оцени дека новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и на бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона, што е значајно за стабилна поврзаност во текот на целата година. Покрај линијата Дубаи – Скопје, министерот соопшти дека се разгледува и можноста за воспоставување директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа. „Сè уште е во дискусија, но би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме. Тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид“, рече Николоски. Според министерот за транспорт, договорите се резултат на владината посета на Обединетите Арапски Емирати предводена од премиерот Христијан Мицкоски и на средбите со шеикот Мохамед бин Зајед. Тој потсети и дека меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати веќе е воспоставен безвизен режим, што, како што истакна, е од значајно влијание за туризмот и за деловната размена меѓу двете земји. Николоски посочи дека во исто време се разговара и за потенцијални инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во Македонија, додека македонски компании веќе почнуваат да извезуваат на пазарот во оваа земја. Според него, Обединетите Арапски Емирати сè повеќе стануваат значаен центар за меѓународни саеми и дел