FinPortal.mk

Николоски бара истрага за отштетите од 3,5 милиони евра за удари од кучиња во возила на „Македонијапат

FinPortal.mk  · 
Николоски бара истрага за отштетите од 3,5 милиони евра за удари од кучиња во возила на „Македонијапат

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“ и кривичната пријава која тој лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство на претпријатието. Според Николоски, претпријатието е заглавено во долгови во висина од 34 милиони евра, од кои уште 25 милиони евра остануваат неплатени.

Николоски во одговорот на прашањето поставено од пратеникот Борислав Крмов од Левица за состојбата и лошите услови за работа во ЈП „Македонијапат“ посочи дека состојбата таму е тешка. Тој изрази сомнеж дека само за удари од кучиња во возилата на претпријатието се пресудени отштети во висина од 3,5 милиони евра, нагласувајќи дека не верува оти Македонија е толкав рекордер по вакви случаи.

„Крадел кој стигне, кај стигне. Ако литар боја за фарбање на улици, која што и не ја користеле, чинела Х денари ја наплаќале 10 пати поскапо. Да не зборувам за зимското одржување. Еве овие две години се чисти снегот, претходно пари се даваа, а снегот не се чистеше“, рече Николоски.

Министерот за транспорт и врски потсети дека само за удари од кучиња во возилата се пресудени отштети од 3,5 милиони евра. „Јас знам дека има кучиња, ама не верувам дека сме толкави рекордери — 3,5 милиони евра се пресудени отштети. Таму има формирано една банда, една мафија на адвокати, проценители, вештаци и Бог ги знае како се викаат, и излегува дека до 2024 година, дури беше оној Константин Ацески директор, кучиња секој ден удирале во возила. После 2024 година некако имаат намалено кучињава да се удираат во возила“, вели Николоски.

Тој посочи дека за лошата состојба во ЈП „Македонијапат“ причина се и тужбите кои се испраќаат во Стразбур. „Сојузени се со компании на кои што им се должи и сега Стразбур почна да носи одлуки долгот да им се плати, и каматата да им се плати, и по една благодарница да им дадеме, а ако ги видите цените по кои што имаат добивано работат тие компании се исто така далеку над пазарните“, рече Николоски.

Министерот го повика Обвинителството да го прочита ревизорскиот извештај на ЈП „Македонијапат“ и да истражи како се раководело претпријатието во претходниот период. Тој нагласи дека кривичната пријава која лично ја потпишал треба да биде основа за истрага против претходното раководство, кое според него го заглобило претпријатието во долгови од 34 милиони евра.

Според изнесените податоци во Собранието, ЈП „Македонијапат“ и понатаму должи 25 милиони евра, а покрај тоа му стигаат и судски пресуди од Стразбур кои ги покренале компании на кои им се должи. Николоски пред пратениците ја опиша состојбата како тешка и порача дека е потребна целосна истрага за начинот на кој се трошеле парите во претпријатието, особено за набавките на материјали и за зимското одржување на патиштата.

Прочитај го оригиналниот напис →