Николоски: Авиосообраќајот во Македонија со рекорден раст, годинава се очекуваат близу четири милиони патници

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Растот на авиосообраќајот во Македонија продолжува со забрзано темпо, а бројот на патници на двата аеродроми годинава би можел да достигне четири милиони, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, зголемувањето на бројот на патници е резултат на политиката на субвенционирање на авиолиниите, која била креирана во 2024 година, а почнала да се применува во 2025 година. „Секој месец рушиме рекорди. Во јули, споредено со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа 21 отсто, а во август растот беше 31 отсто“, рече Николоски. Според него, кога актуелната Влада стапила на функција, вкупниот сообраќај на скопскиот и охридскиот аеродром изнесувал околу 2,4 милиони патници. Николоски очекувал до крајот на првиот мандат бројката да достигне околу 3,2 до 3,3 милиони, но тој број бил надминат за само една година. Тој очекува оваа година бројот на патници на двата аеродроми да се приближи до четири милиони. Николоски посочи и дека скопскиот аеродром е третата најголема база на „Визер“, а авионите на компанијата што преноќуваат во Скопје се од типот „Airbus A321neo“. Според него, станува збор за авиони со помала потрошувачка и помало загадување. Значителен раст, според министерот, бележи и охридскиот аеродром. Тој очекува Охрид годинава да има меѓу 350.000 и 400.000 патници, со можност да го надмине бројот на патници на нишкиот аеродром. Николоски додаде дека постои можност „Визер“ да ја прошири својата база во Охрид со уште еден авион. Во однос на новите авиолинии, Николоски најави дека се прецизира отворањето на линијата Скопје–Дубаи. Според него, директната врска со Дубаи би била значајна и за деловниот сектор, имајќи предвид дека дел од големите саеми и деловни настани се преместуваат во Обединетите Арапски Емирати. Тој очекува линијата да придонесе и за зголемување на бројот на туристи од Обединетите Арапски Емирати во Скопје.

Николоски: Авиосообраќајот во Македонија со рекорден раст, годинава се очекуваат близу четири милиони патници | FinPortal.mk

Растот на авиосообраќајот во Македонија продолжува со забрзано темпо, а бројот на патници на двата аеродроми годинава би можел да достигне четири милиони, изјав