FinPortal.mk

Нетрговски трансфери: 4.143 акции сменија сопственик без ниту една берзанска зделка

FinPortal.mk  · 
Нетрговски трансфери: 4.143 акции сменија сопственик без ниту една берзанска зделка

Минатата недела на македонскиот пазар на капитал не е регистрирана ниту една берзанска трансакција, но сопственоста на 4.143 акции сепак е сменета преку нетрговски трансфери. Според неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност, регистрирани се 18 нетрговски трансфери со обични акции на вкупно 15 друштва, што покажува дека и во периоди без тргување на берзата доаѓа до промена на сопственичката структура кај одредени компании.

Од вкупниот број пренесени акции, дури 3.786 акции, или над 91 отсто, се издадени од само шест компании. Со бројноста на преносот доминира Либерти АД Скопје, каде што се регистрирани 988 обични акции. Берзанските податоци покажуваат дека просечната цена изнесува 6 денари за акција, во изминатите 52 недели се регистрирани 11 тргувања, а последното тргување било на 4 август.

Сопственоста е сменета и кај 950 акции на Фруктал МАК. Со акциите на ова друштво воопшто не се тргувало во последните 52 недели, поради што Берзата во актуелните податоци не прикажува просечна цена. Последното претходно евидентирано тргување било во август 2025 година, по цена од 100 денари за акција.

Кај АрцелорМиттал (ХРМ) трансферирани се 593 обични акции. Друштвото е долгорочно суспендирано од котација, а акцијата има просечна цена од 2 денари. Трансфер е направен и на 580 акции на Макстил, кои имаат единечна просечна цена од 110 денари, што произлегува од тргувањето на 31 август.

Во минатонеделните трансфери Алкалоид е застапен со 400 обични акции, чија просечна цена за акција изнесува 22.904,40 денари. Со знакот на Македонски Телеком пренесени се 275 обични акции, чија што просечна цена е заокружена на 500 денари.

Неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала и двојни трансфери реализирани во последните два работни дена. Така, кај РЖ Економика се регистрирани 25 и 29 обични акции, кај РЖ Техничка контрола 10 и 12 обични акции, а кај Уготур 28 и 33 обични акции.

Останатите трансфери се реализирани со мали количини акции. Во статистиката се заведени 89 обични акции на Тетекс Тетово, 59 на скопски Гранит, 31 на РЖ Интер-Трансшпед, 19 на Ветекс Велес, 17 на Комерцијална банка и 5 обични акции на Макпетрол.

Податоците за нетрговските трансфери доаѓаат во момент кога пазарите на капитал, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии се во фокусот на 25. годишна конференција на Македонска берза, што дополнително ја нагласува важноста на следењето на движењата на сопственоста и на активностите надвор од редовното тргување.