Несторовски блеска во Хрватска: гол на секои 78 минути и второ место на листата на стрелци

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжува со одличните изданија во дресот на Славен Белупо и во тековната сезона на хрватското првенство постигнува гол на секои 78 минути. Прилепчанецот е во извонредна форма и со своите настапи во клубот од Копривница дополнително го привлекува вниманието на фудбалската јавност, особено во момент кога македонската репрезентација има сериозни проблеми во офанзивната линија. Несторовски вчера беше еден од главните актери во убедливото славје на Славен Белупо над Ријека со 4-1, при што искусниот напаѓач постигна два гола. По натпреварот тој имаше и свое шоу во соблекувалната, кое стана вирален хит и дополнително го привлече вниманието кон неговите партии на теренот. Она што најмногу импресионира се бројките што Несторовски ги има во хрватското првенство во тековнава сезона. Со вкупно седум гола на девет средби, тој е на второто место на листата на стрелци, веднаш зад асот на Динамо Загреб, Белјо. Некогашниот најдобар стрелец во ХНЛ има реализација на пет од шест големи шанси, што говори за неговата прецизност и ефикасност пред противничките голови. Статистиката дополнително ја потврдува неговата форма. Несторовски упатува по 2,78 удари кон противничката мрежа, а просечната оценка од „Софаскор“ за досегашните настапи му изнесува 7,43. Ваквите показатели го сместуваат меѓу најдобрите поединци во лигата и потврдуваат дека се работи за играч кој во моментов е во врвна форма. Несторовски веќе е познат како искусен напаѓач со богато меѓународно искуство, а неговите партии во Славен Белупо повторно го вратија во фокусот на јавноста. Со оглед на тоа што македонската репрезентација се соочува со проблеми во нападот, прашањето зошто тој не е дел од националниот тим станува сè поактуелно. Ноември се наведува како прва можна прилика тоа да се промени, но до тогаш останува само да се фали прилепчанецот поради неговите изданија во хрватскиот шампионат. Славен Белупо со ваквите настапи на својот најдобар стрелец продолжува да собира важни бод

Несторовски блеска во Хрватска: гол на секои 78 минути и второ место на листата на стрелци | FinPortal.mk

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжува со одличните изданија во дресот на Славен Белупо и во тековната сезона на хрватското првенство постигнува гол