Нема нови случаи на западнонилска треска во последната недела, почина жена од Росоман

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во изминатата недела во Македонија не се регистрирани нови случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци од Институтот за јавно здравје. Според извештајот објавен заклучно со 13 октомври 2026 година, вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на годината останува 71, од кои 66 се водат како потврдени, а пет како веројатни. Меѓу починатите лица со невроинвазивна форма на болеста е и една жена од Росоман. Од вкупно 11 смртни случаи регистрирани во текот на годината, десет се од машки пол, а едно лице е од женски пол. Починатите лица се од Скопје, каде што се регистрирани девет случаи, од Росоман со еден случај и од Куманово со еден случај. Просечната возраст на починатите изнесува 71 година, при што најмладиот починат имал 62 години, а најстариот 83 години. Сите починати лица биле хоспитализирани, а кај десет од нив биле регистрирани коморбидитети. Леталитетот кај пациентите со невроинвазивна болест изнесува 15,5 отсто од регистрираните потврдени случаи. Од вкупно 69 заболени со невроинвазивна форма на болеста, сите биле хоспитализирани. Најголем дел од нив, односно 67 пациенти, биле лекувани во Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, додека по еден пациент бил хоспитализиран во Аџибадем Систина и на Клиниката Жан Митрев. До моментот на извештајот, 56 лица или 81,2 отсто од хоспитализираните потврдени случаи биле испишани, две лица или 2,9 отсто сè уште биле на лекување, а 11 лица починале. Просечното траење на лекувањето кај испишаните и починатите лица изнесува 15 дена. Според местото на живеење на заболените, најголем дел од случаите доаѓаат од Скопје, каде што се регистрирани 63 случаи, од кои 48 од градот Скопје и 15 од општини во неговата околина. Од Велес се регистрирани три случаи, односно два од самиот Велес и еден од Чашка, додека од Кавадарци има два случаи, од кои еден од Кавадарци и еден од Росоман. По еден случај е регистриран од Куманово, Свети Николе и Тетово. Од вкупниот број регистрирани случаи, 70 с

Нема нови случаи на западнонилска треска во последната недела, почина жена од Росоман | FinPortal.mk

Во изминатата недела во Македонија не се регистрирани нови случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци од Институтот за јавно здравје. Според