Неформалната работа во Македонија надмина 100 илјади лица – повеќе од официјално невработените

FinPortal.mk · 12.9.2026 г.

Во вториот квартал од 2026 година, повеќе од 100 илјади лица во Македонија биле ангажирани во неформално вработување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според евиденцијата, нивниот број е поголем од бројот на лицата кои официјално се водат како невработени, што отвора сериозни прашања за состојбата на пазарот на трудот и за квалитетот на работните места во земјата. Во периодот април–јуни 2026 година биле евидентирани 101.022 неформално вработени лица, односно 14,3 отсто од вкупно 708.698 вработени. Тоа значи дека приближно секој седми вработен работел надвор од целосно регистриран работен однос. Во истиот период, бројот на невработени изнесувал 90.020 лица, што значи дека неформално вработените биле за 11.002 повеќе од лицата кои активно бараат работа и се подготвени да започнат со работа. Стапката на невработеност во вториот квартал изнесувала 11,3 отсто. Бројот на вработени, пак, бил за еден процент повисок во споредба со истиот период минатата година, додека економијата забележала раст од 4,3 отсто. Овие бројки покажуваат дека формалното вработување расте, но неформалната работа расте со уште поголемо темпо, што укажува на структурни проблеми кои не се решаваат само со економски раст. Податоците покажуваат и промена кај неформалната работа. Во однос на вториот квартал од 2025 година, неформалното вработување е зголемено за околу три проценти, додека проценетото формално вработување пораснало за околу 0,7 проценти. Тоа значи дека неформалната работа се зголемува значително побрзо од формалната, што е показател дека дел од новите работни места се создаваат надвор од законските рамки и без целосна регистрација. Најголем дел од неформално ангажираните лица работат во земјоделството, шумарството и рибарството. Во овие дејности биле регистрирани 51.487 неформално вработени, што претставува околу 51 процент од вкупниот број. Следува градежништвото со 17.372 лица, односно 17,2 проценти од сите неформално вработени. Само овие две области опфаќаат пов

Неформалната работа во Македонија надмина 100 илјади лица – повеќе од официјално невработените | FinPortal.mk

Во вториот квартал од 2026 година, повеќе од 100 илјади лица во Македонија биле ангажирани во неформално вработување, покажуваат податоците на Државниот завод з