Не знаеме каде оди нафтата“ — ретката искреност на Волстрит и четирите работи за кои сме сигурни
Тимот за суровини на „JPMorgan“ го кажа она што многумина во финансискиот свет го мислат, но ретко кој го изговара: не знаеме. Во анализата потпишана од Наташа Канева и нејзиниот тим, банката признава дека за првпат од почетокот на конфликтот со Иран нема основно сценарио. „Едноставно не знаеме како да го моделираме крајот“, пишуваат тие.
На почетокот, тимот на „JPMorgan“ верувал дека постојат економскi црвени линии кои американската администрација нема да ги премине: нафта од 100 долари, бензин близу 5 долари за галон, инфлација од 4 отсто или принос на десетгодишните американски државни обврзници од 5 отсто. Тие ограничувања, според нив, давале имплицитна временска рамка, со очекување дека до јуни ќе има некаков договор за отворање на Ормускиот Проток. Шест месеци подоцна, многу од тие линии се преминати, а излезната стратегија е сè помалку јасна. Нафтата е над 100 долари, приносот на десетгодишните обврзници има „петка“, бензинот чини 4,37 долари и покрај тоа што врвот на возачката сезона е зад нас, а дизелот е на историски максимум од 6,31 долар за галон пред зимата — периодот на најголема сезонска побарувачка — додека залихите се на историски минимум.
Анализата на „JPMorgan“ е оценета како еден од најкорисните истражувачки материјали во последниве години токму поради нејзината искреност. Како што се наведува, во медиумската и емитерската дејност исто така се претпочита сигурност, но понекогаш едноставно мора да се признае дека не се знае.