Навивај за неа“ – кампања за поголема посетеност и видливост на женскиот спорт
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушал Солушнс и Параолимпискиот комитет, ја започнува кампањата „Навивај за неа – Полните трибини создаваат идни шампионки“, чија цел е да ја зголеми видливоста и популарноста на женскиот спорт и да поттикне поголема посетеност на женските спортски натпревари. Кампањата се спроведува како дел од проектот „Фер игра – поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кофинансиран од Европската Унија. Според организаторите, со кампањата сакаат да го насочат вниманието кон еден од важните предизвици со кои се соочува женскиот спорт – недоволната јавна и медиумска видливост и малата посетеност на женските спортски натпревари. И покрај резултатите, посветеноста и успесите на спортистките и женските тимови, нивните натпревари сè уште поретко се промовираат и често се играат пред недоволно исполнети трибини. Токму затоа, преку оваа кампања сакаме да ја мобилизираме јавноста и да создадеме навика женскиот спорт да се следи, да се поддржува и да биде редовен дел од спортската и медиумската понуда, велат од организацијата. Организаторите објаснуваат дека поголемата публика значи поголема видливост за спортистките и клубовите, поголем интерес од медиумите, но и подобри можности за привлекување партнери и спонзори и за долгорочен развој на женскиот спорт. Кампањата ги опфаќа женската кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, а во соработка со националните спортски федерации е подготвен календар на избрани женски натпревари. Ги повикуваме медиумите, институциите, компаниите, граѓанските организации, навивачките групи и, пред сè, граѓаните да го следат календарот, да ги посетат натпреварите и активно да ја поддржат кампањата, порачуваат организаторите. Во рамки на „Навивај за неа“ ќе се реализираат медиумски и дигитални активности, промоција на избрани натпревари, видео и радио содржини, како и директно вклучување на спортистки, јавни личности, навивачки групи, институции и други п