Народната банка воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола — лиценцата останува на сила, штедачите заштитени
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Народната банка на Република Северна Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, но таа мерка не значи затворање на банката, ниту одземање на дозволата за работа, ниту отворање стечајна постапка. Како што соопшти централната банка, причината за воведувањето привремена администрација се исклучиво случувањата поврзани со акционерот со квалификувано учество во битолската банка, „Алта банка“ АД Белград. Од Народната банка нагласуваат дека воведувањето привремена администрација не значи ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа привремена заштитна мерка е „АЛТА банка“ АД Битола да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и други доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственоста на банката. Според соопштението на централната банка, станува збор за привремена заштитна мерка, а не за постапка за затворање на банката. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Банката е ликвидна, високо капитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува супервизорските стандарди. Во периодот на привремената администрација, „АЛТА банка“ АД Битола работи и продолжува да им ги обезбедува услугите на своите клиенти. Мерките преземени во однос на „Алта банка“ АД Белград не значат одземање на дозволата за работа на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту отворање стечајна постапка. Банката е ликвидна, високо капитализирана и има солиден квалитет на кредитното портфолио, а нејзиното работење е предмет на непосреден супервизорски надзор од страна на Народната банка. Воведувањето администрација е времена мерка со која управувањето со имотот и работењето на банката привремено се врши преку лица именувани од Народната банка. Целта е да се зачува стабилноста на банката и да се заштитат средствата и интересите на нејзините клиенти до промената на