Народната банка со ЕИБ започнува изработка на Зелената национална таксономија
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Народната банка, заедно со надлежните министерства и институции, во соработка со Европската инвестициска банка, ги започнува активностите за изработка на Зелената национална таксономија. Активноста се спроведува во рамките на Програмата за зелени финансиски системи (Greening Financial Systems Programme), а целта е воспоставување на национален систем за класификација на економските активности што придонесуваат кон остварување на целите за заштита на животната средина. Според она што беше соопштено, Зелената таксономија претставува регулатива чијашто основна цел е воспоставување јасни и научно засновани критериуми за класификација на економските активности во согласност со принципите на одржливиот развој и еколошките стандарди. Со неа се дефинираат одржливите економски активности, односно активностите за кои се смета дека придонесуваат кон заштитата на животната средина. Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со Бјорн Габриел, шеф на претставништвото на Европската инвестициска банка во земјава, посочи дека таксономијата им овозможува на инвеститорите, компаниите, банките и на носителите на економските политики да ги определат зелените активности и да ги насочат ресурсите за поддршка на преминот кон економија со ниска емисија на јаглерод. Според него, таксономијата воедно ја зголемува транспарентноста и го олеснува системот за објавување податоци поврзани со климатските промени, придонесува за спречување еколошка манипулација (greenwashing) и го овозможува развивањето зелени финансиски инструменти. Бјорн Габриел, шеф на претставништвото на Европската инвестициска банка во земјава, изјави дека со воспоставувањето заеднички јазик за носителите на политики, банките, компаниите и за инвеститорите, таксономијата ќе придонесе за поголема транспарентност и доследност во утврдувањето и финансирањето на активностите за „зазеленување“. Тоа, како што истакна, ќе помогне во привлекувањето инвестиции и ќе поттикне нови зелени финансиски производи, со што ќе