Народната банка ја одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите: претставен труд за интеграцијата на берзите од Западен Балкан

FinPortal.mk · 1.10.2026 г.

Во Народната банка денеска се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа којашто веќе тринаесет години служи за презентација и разгледување на научно-истражувачките трудови на централната банка и којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава. На оваа сесија беше претставен научниот труд насловен „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, чиј автор е Стефан Таневски, добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година. Сесијата ја отвори директорката на Дирекцијата за монетарната политика и истражување, Билјана Давидовска-Стојанова, којашто истакна дека интеграцијата на берзите не треба да се гледа само како реформа за развој на финансискиот пазар, туку и како дел од пошироката макрофинансиска инфраструктура преку која монетарната политика влијае врз економијата. Според неа, поинтегрираните пазари можат да овозможат побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали кон финансиските услови и кон реалната економија, поради што берзанската интеграција претставува потенцијално важен канал за поефикасно функционирање на монетарната политика. Давидовска-Стојанова сепак предупреди дека самата консолидација на пазарите не е доволна и дека нејзините придобивки зависат од квалитетното управување, заштитата на инвеститорите и усогласената регулаторна рамка. Таа порача дека токму овие услови ја определуваат мерката во која интеграцијата на берзите може да даде резултат во практиката. Авторот Стефан Таневски во својата презентација посочи дека трудот се фокусира на каналот на цените на средствата како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата. Тој објасни дека во моментов пазарите од Западен Балкан се фрагментирани и неликвидни, поради што сигналите на централните банки само делумно и нерамномерно се пренесуваат врз цените на финансиските средства во различни сектори. Во својот труд Таневски посочува дека интеграција

Народната банка ја одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите: претставен труд за интеграцијата на берзите од Западен Балкан | FinPortal.mk

Во Народната банка денеска се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа којашто веќе тринаесет години служи за презентација и разгледување на научн