Народната банка го скратува рокот за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за измени и дополнувања на макропрудентните мерки за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица, со што максималниот рок за отплата на станбените кредити се намалува од 30 на 25 години. Новите мерки стапуваат на сила од 1 декември, а целта е превентивно, во услови на здрав и стабилен банкарски систем, да се ограничат ризиците од прекумерно задолжување на домаќинствата и да се придонесе за одржливо кредитирање и финансиска стабилност. Со измените се намалува и максималниот дозволен ДСТИ, односно односот меѓу месечните отплати на кредитите и приходите на кредитокорисникот. Максималната вредност на показателот ДСТИ се намалува за 5 процентни поени, од 50 на 45 отсто за кредитите во денари и од 45 на 40 отсто за кредитите со валутна компонента. ДСТИ покажува колкав дел од месечниот приход може да се користи за отплата на кредитите. Покрај станбените кредити, се скратува и рокот на отплата на хипотекарните потрошувачки кредити, од 20 на 15 години. Поповолниот третман за граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште останува непроменет. За кредитите за прво купување сопствено живеалиште лимитите на ДСТИ остануваат исти, односно 50 отсто за кредитите во денари и 45 отсто за кредитите со валутна компонента, а максималниот рок на отплата останува 30 години. Од Народната банка соопштуваат дека измените се донесуваат во услови на здрав и стабилен банкарски систем, без присутни системски ризици, при што квалитетот на кредитното портфолио на физичките лица и понатаму се подобрува. Истовремено, кредитната активност кон физичките лица продолжува да расте. Во првото полугодие од 2026 година, годишниот раст на кредитите на физичките лица достигна 12,2 отсто, наспроти 11,2 отсто во 2025 година. Највисок раст е забележан кај станбените кредити, од 16,6 отсто. Народната банка за првпат ги воведе овие макропрудентни мерки во јули 2023 година, а нивната поставеност дополнително се зајакна од декември 2025 година. Досегашни

Народната банка го скратува рокот за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години | FinPortal.mk

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за измени и дополнувања на макропрудентните мерки за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица, со