НАН: По две години работа, наплатата на долгови се гради врз разговор и достоинство, не само врз бројки

Националната агенција за наплата (НАН), дел од Flex Group, одбележува две години од своето работење на македонскиот пазар, период во кој изгради пристап кон наплатата на побарувања што почива на разбирање на секој поединечен случај, а не на шаблонско постапување. Како што велат од компанијата, на хартија наплатата на долг изгледа едноставно, бидејќи постои обврска што треба да се подмири, но во реалноста зад секој предмет стојат две страни, различни околности и разговор што треба да заврши со решение.
Од првиот ден до денес, НАН растеше заедно со бројот и сложеноста на предметите што ѝ беа доверени. Поддршката на групацијата Flex Group ѝ даде стабилност и простор да гради долгорочно, наместо да брза кон краткорочни резултати. Тимот, кој пред само една година броеше пет члена, денеска активно вклучува повеќе од 25 оператори, кои работат на повеќе од 25.000 предмети за своите клиенти.
Сепак, две години искуство покажаа и нешто што бројките не можат целосно да го измерат. Успешната наплата најчесто започнува со добар разговор. Понекогаш тоа значи да се разбере зошто обврската не била подмирена, а понекогаш да се најде начин таа реално да се подмири. За компаниите, тоа значи партнер што професионално се грижи за нивните побарувања, без да го наруши односот што тие го изградиле со своите клиенти.
Токму затоа во НАН технологијата и податоците се важен дел од работата, но не ја заменуваат човечката проценка и комуникација. Наплатата, како што нагласуваат од компанијата, не треба да создава дополнителен проблем, туку да решава постоечки. Операторите не работат по шаблон, туку го слушаат секој случај поединечно, бидејќи различни ситуации бараат различни решенија.
Втората година НАН ја посвети на една цел: со секој решен предмет да ја докаже тезата дека наплатата со достоинство е единствениот одржлив модел на македонскиот пазар. Денес таа теза, според компанијата, не е само став, туку резултат: модел што носи ефикасна наплата за компаниите, коректен однос кон луѓето и решение што има смисла за двете страни.
Во пракса, тоа значи јасна комуникација, договори што се реално остварливи за должникот и почит во секој контакт. Компаниите добиваат наплата, а притоа го чуваат угледот пред своите клиенти. Како што сумираат од НАН, зад секој предмет има бројка, а зад секоја бројка има човек.