Највисоките плати во Македонија блиску до ЕУ, но најниските остануваат на половина од европскиот просек

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Најплатените 10 отсто од вработените во Македонија земаат плати речиси како во Европската унија, додека најниско платените 20 отсто од работниците добиваат само околу половина од она што го земаат нивните колеги во Унијата. Ова произлегува од анализата на Здружението за истражување и анализи од Македонија (ЗМАИ), која ја споредува земјата со останатите држави од регионот и со просекот на ЕУ во осум области. Според податоците до кои дојде ЗМАИ, освен процентот околу минималната плата, кој ја прави Македонија поблиска до ЕУ во однос на висината, на граѓаните ќе им требаат дополнителни 100 години за да го достигнат просечниот БДП на земјите членки на Европската унија. Анализата покажува и дека на државата ќе ѝ требаат три „стотки“ за да биде на исто ниво со земјите од ЕУ гледано низ просек. Според истите наоди, на Македонија ѝ требаат 100 години за да ја стигне ЕУ во однос на инфраструктурата, исто толку години за да ја стигне Унијата во квалитетот на животната средина и 100 години за граѓаните да имаат социјална заштита како просечната во Европската унија. Овие податоци доаѓаат во момент кога од власта се расфрлаат со тврдења дека Македонија е втора или трета најбрзорастечка економија и дека платите годинава биле многу повисоки отколку во времето на СДСМ, што, како што се наведува, создава конфузија во јавноста. На презентацијата на извештајот присуствуваа амбасадорот на Европската унија во Македонија, Михалис Рокас, и амбасадорот на Ирска, Брендан Вард. Двајцата порачаа дека правењето реформи и усогласувањето на законите со тие на ЕУ ќе го намалат тој јаз, но дека вистинскиот „game changer“ е членството во Унијата. Амбасадорот Вард тоа го илустрираше со примери, забележувајќи притоа дека прогнозите за Македонија се многу песимистички и дека ѝ треба повеќе оптимизам околу процесот. Тој кажа дека кога Ирска пред 53 години влегла во ЕУ, била најсиромашната држава внатре во Унијата, но станала втора најсиромашна кога влегла Грција, па станала трета најсиромашна кога влег

Највисоките плати во Македонија блиску до ЕУ, но најниските остануваат на половина од европскиот просек | FinPortal.mk

Најплатените 10 отсто од вработените во Македонија земаат плати речиси како во Европската унија, додека најниско платените 20 отсто од работниците добиваат само