Најк од врвот на спортската индустрија до најниско берзанско ниво во повеќе од една деценија

FinPortal.mk · 15.9.2026 г.

Компанијата Најк, која со децении важеше за најмоќен спортски бренд во светот, се најде во ситуација каква што нејзините инвеститори не паметат повеќе од дванаесет години. На последното затворање на Волстрит, на 11 септември, акцијата на Најк вредеше 36,80 долари, што е драстичен пад во споредба со почетокот на ноември 2021 година кога достигнуваше 177,51 долар. Тоа претставува пад од околу 79 проценти, бројка што тешко може да се замисли за компанија која некогаш беше синоним за раст и иновација. Уште повпечатлива е промената во пазарната капитализација на компанијата. Од приближно 281 милијарда долари во ноември 2021 година, Најк денес вреди околу 55 милијарди долари. Со други зборови, за помалку од пет години од берзанската вредност на компанијата исчезнаа околу 226 милијарди долари. Овој пад е толку голем што има и симболична последица за самиот статус на брендот на американскиот пазар. Од 21 септември Најк ќе биде отстранет од индексот S&P 100, индекс во кој се наоѓаат дел од најголемите американски корпорации. Компанијата ќе остане во поширокиот S&P 500, но по речиси две децении повеќе нема да биде меѓу компаниите што S&P ги смета за репрезентативни за американскиот „мегакап“ сегмент. Ова отстранување е јасен сигнал дека пазарот повеќе не го гледа Најк како компанија која ги диктира трендовите во својот сектор. Но, и покрај ваквите катастрофални берзански резултати, Најк не е компанија пред финансиски колапс. Напротив, и натаму е најголемиот светски продавач на спортска обувка и облека и генерира десетици милијарди долари приходи. Проблемот е друг: Најк веќе не расте како Најк, а пазарот одамна плаќаше висока цена за неговата способност постојано да создава раст, иновации и производи што конкуренцијата мора да ги следи. Во фискалната 2026 година компанијата оствари приходи од 46,4 милијарди долари. Тоа е речиси исто како претходната година, но значително под 51,36 милијарди долари од фискалната 2024. Кога ќе се тргнат ефектите од девизните курсеви, приходите в

Најк од врвот на спортската индустрија до најниско берзанско ниво во повеќе од една деценија | FinPortal.mk

Компанијата Најк, која со децении важеше за најмоќен спортски бренд во светот, се најде во ситуација каква што нејзините инвеститори не паметат повеќе од дванае