FinPortal.mk

Најголемата епидемија на циклоспоријаза во САД заврши, разболеани 12.833 лица

FinPortal.mk  · 
Најголемата епидемија на циклоспоријаза во САД заврши, разболеани 12.833 лица

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека најголемата епидемија на циклоспоријаза во историјата на САД е завршена. Болеста, која се пренесува преку храна, разболела 12.833 лица во 21 сојузна држава во последните месеци, што претставува најголемо досега регистрирано групирање на случаи, пренесува CNBC.

Здравствените власти ја поврзаа епидемијата со сечкана ајсберг салата што ја доставува компанијата „Тејлор Фармс“ од Мексико. Овој инцидент ја предизвика најтешката сезона на циклоспоријаза во историјата на САД, со вкупно 19.595 случаи на заболување предизвикано од паразитот циклоспора.

Според податоците на ЦДЦ, во земјата се регистрирани два смртни случаи, и тоа двата во сојузната држава Мичиген, која беше епицентар на најголемата епидемија.

Циклоспоријазата е болест што се пренесува преку храна, а ја предизвикува паразитот циклоспора. Оваа сезона останува најтешката досега регистрирана во САД, со најголем број заболени во една епидемија.