Најдобрите студенти со инженерски прстен добиваат предност при вработување на факултетите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Најдобрите студенти кои се одликувани со инженерски прстен или друго признание за успех ќе добиваат предност при вработување на факултетите, најави министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Оваа мерка е дел од новата законска рамка за наука и високо образование, чиј пакет од три закони е во собраниска процедура и се очекува да биде усвоен до крајот на годината. Јаневска ова го соопшти денес во Скопје, на отворањето на четвртиот Интернационален медицински конгрес, кој го организира Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Според министерката, новиот законски пакет треба да обезбеди повеќе и подобри можности за професорите, научниците и истражувачите, како и за наставно-научниот и истражувачкиот подмладок. „Ќе споменам и дека изготвивме целосно нова законска рамка за наука и високо образование. Пакетот од три закони е во собраниска процедура и очекувам до крајот на годината да биде усвоен, за повеќе и подобри можности за нашите професори, научници, истражувачи. Повеќе можности и за наставно-научниот и истражувачки подмладок. Најдобрите студенти одликувани со инженерски прстен или друго признание за успех, добиваат предност при вработување на факултетите“, нагласи Јаневска. Министерката во своето обраќање посочи дека во високото образование, науката и истражувањата, меѓународните вмрежувања и мобилноста се многу важни и дека тоа е единствениот начин за размена на искуства и добри практики со глобалниот свет, но и за заеднички проекти. Таа потсети дека Владата има став дека без наука нема општествен развој, поради што пред две години, кога започна раководењето со институциите, биле преземени крупни мерки кои ја раздвижиле научно-истражувачката дејност во Македонија. Според неа, буџетот за наука за две години е зголемен повеќе од двојно, а во 2025 година биле финансирани 50-тина научно-истражувачки проекти од јавен интерес во вкупна вредност од 6 милиони евра. Јаневска наведе и дека