Над 94 отсто од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување паметни мерни уреди

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Од почетокот на годинава до сега над 94 отсто од броилата биле отчитани, покажуваат податоците на Електродистрибуција. Останатите шест отсто, кои се читаат периодично, се броила сместени во викендички, на оддалечени места или затворени внатре во објекти кои не се користат секојдневно. Податоците на месечно ниво укажуваат дека процентот на прочитани броила е на континуирано високо ниво и просечното месечно ниво не е пониско од 87 отсто. Тоа важи и за летните месеци јуни, јули и август, кога вообичаено сметките се паушални. Граѓаните можат да проверат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка. Ако на сметката стои ознака О, се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М, се работи за паушално одреден износ. Од почетокот на годината околу 8.031 граѓани побарале корекции на сметките и нивните жалби биле прифатени. Статистиката на компанијата покажува дека месечно жалби поднеле околу 0,13 отсто од вкупниот број потрошувачи. Се очекува дополнително унапредување во овој дел преку имплементација на важечкиот сет на европски регулативи, познат како пакет „Чиста енергија“. Станува збор за целосна имплементација на Законот за енергетика и Законот за користење на обновливи извори на енергија. Регулативата опфатена со пакетот за „Чиста енергија“, покрај другото, треба да ја забрза енергетската транзиција и да создаде предуслов за развој на пазарите и поголема интерактивност помеѓу компаниите и потрошувачите. Дел од овие мерки предвидуваат и развој на паметни енергетски мрежи и воведување системи на таканаречени паметни мерни уреди. Според одредени информации, веќе е изготвена техничка и економска анализа на сите трошоци и придобивки за пазарот, како и за зголемување на енергетската ефикасност од воведувањето паметни мерни системи од страна на Електродистрибуција. Оваа анализа е законска обврска на компанијата, а истата е доставена до Регулаторната комисија за енергетика, како и до Секретаријатот на Енергетската заедница. По препорака на Регулаторната комисија

Над 94 отсто од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување паметни мерни уреди | FinPortal.mk

Од почетокот на годинава до сега над 94 отсто од броилата биле отчитани, покажуваат податоците на Електродистрибуција. Останатите шест отсто, кои се читаат пери