Над 21 претставка за дискриминација на бремени жени во последните три години, најмногу од нив остануваат без работа
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во изминатите три години добила повеќе од 21 претставка што се однесуваат на дискриминација врз бремени жени, соопштено е на денешниот брифинг со новинарите. Според изнесените податоци, најголем дел од поплаките што пристигнуваат до Комисијата се однесуваат токму на работата и на работничките права, а особено загрижувачки се случаите во кои бремените жени остануваат без работа. Како што беше посочено на брифингот, претставките се однесуваат на бремени жени со нерегулиран работен однос, односно жени вработени со договори на определено време. Во изјавата презентирана на настанот беше наведено дека овие жени често добиваат решение за прекин на работниот однос откако работодавачот ќе дознае дека тие веќе имаат намера да забременат или се веќе во фаза на бременост. Од Комисијата оценија дека со тоа овие жени се ставаат во една многу неповолна и несакана положба. На брифингот беше најавено и отворање на ресурсен центар, преку кој граѓаните и организациите ќе имаат полесен пристап до информации, анализи и извештаи поврзани со заштитата од дискриминација. Како што беше соопштено, центарот е воспоставен со поддршка на Европската Унија, а неговата цел е сите информации, извештаи и материјали поврзани со еднаквоста и заштитата од дискриминација да бидат сумирани на едно место. Освен за дискриминацијата при вработување, на брифингот се говореше и за вознемирувањето, пред сè за сексуалното вознемирување. Во рамки на проект било спроведено истражување во неколку основни и средни училишта во Македонија, меѓу вработени во училиштата. Според презентираните наоди, многу мал број од испитаниците се свесни кога станува збор за сексуално вербално вознемирување. Беше соопштено и дека во изминатите четири години до Комисијата биле поднесени само две претставки за сексуално вознемирување. Овој податок, во комбинација со резултатите од истражувањето, укажува на ниско ниво на препознавање и пријавување на ваквите случаи. Сите овие активнос