Националниот дата центар ќе никне кај Бунарџик, со фотонапонска централа во втора фаза
FinPortal.mk · 17.9.2026 г.
Националниот дата центар ќе се гради на локација кај Бунарџик, во близина на Скопје, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, станува збор за државно земјиште кое во моментот не се користи за земјоделство или за други намени, а се наоѓа веднаш до една од индустриските развојни зони. Министерот појасни дека веќе се водат разговори со потенцијални финансиери на проектот, додека во Министерството за транспорт се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата. „Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони. Тоа е државно земјиште што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, така што овој простор ќе го искористиме. Во близина веќе се изградени фотонапонски централи. Планираме и ние во втора фаза покрај дата центарот да изградиме и фотонапонска централа, со која што од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа“, изјави Андоновски. Министерот за дигитална трансформација очекува до крајот на годината да биде донесена и националната стратегија за вештачка интелигенција. Како една од активностите на стратегијата се размислува за донесување на закон за употреба на вештачката интелигенција. Според Андоновски, целта не е регулирање на производството или на создавањето на вештачка интелигенција, туку правилното етичко и принципиелно користење за добро на вештачката интелигенција. „Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Една од активностите на стратегијата размислуваме да биде донесување на закон за употреба на вештачката интелигенција. Значи, не регулирање на производството или на создавањето на вештачка интелигенција, туку повеќе на правилното етичко и принципиелно користење за добро на вештачката интелигенција“, рече министерот Андоновски. Во врска со процесот на подготовка на стратегијата, Андоновски најави дека утре во Министерството за дигитална трансформација ќе се одржи состанок на ра