МЗТ Скопје и Работнички со победи влегуваат во дербито на Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје и на Работнички ја завршија последната обврска пред меѓусебниот дуел со победи во Суперлигата, што е одлична најава за вечното дерби закажано за наредната седмица во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Актуелниот шампион МЗТ Скопје беше подобар од Скопје 2023 со 79:60, додека Работнички го совлада Кожув со 83:80 и така остана перфектен во шампионатот со шест победи од исто толку натпревари.
Работнички имаше тежок натпревар против Кожув, соочување кое беше неизвесно до самиот крај. Домаќините завршниот период го добија со 21:16, што беше доволно да го свртат резултатот во своја полза и да дојдат до посакуваната цел. Рикиќ беше незапирлив со 27 поени, капитенот Ефремовски додаде 14, а Говенс испорача дабл-дабл од 10 поени и 10 асистенции. Кај поразените, Армстронг со 20 кошеви беше прв стрелец.
МЗТ Скопје, пак, одигра колку што му беше потребно против Скопје 2023 и славеше со 79:60. „Металците“ имаа четворица играчи со двоцифрен учинок, а Крајиниќ беше лидер со 20 кошеви. Џонс за домаќините уфрли 18 кошеви.
На другите две средби од колото, Стримица загуби од Тиквеш, а Пелистер во својот дом беше поразен од Штип. Со тоа, двете скопски екипи со добра форма и со победи во нозете влегуваат во дербито, кое треба да покаже која од нив е во подобра позиција во моментов.