МЗТ Скопје Аеродром загуби во Никшиќ од Сутјеска во второто коло од АБА 2 лигата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа првиот пораз во новата сезона во АБА 2 лигата, откако на гостувањето во Никшиќ загубија од Сутјеска Електропривреда со резултат 85-75. Натпреварот се одигра во рамките на второто коло од Групата Ц, а македонскиот шампион одигра партија со многу осцилации, при што падот на концентрацијата во последните десет минути се покажа како пресуден за конечниот исход. Натпреварот започна со иницијатива на домашниот тим, но скопските „штркови“ одговорија фуриозно во втората четвртина, која ја добија со 29-23, па на полувремето заминаа со минимална предност од 40-39. Израмнетата битка продолжи и во третиот период, кој го доби Сутјеска со 21-19, за да во последната четвртина домашните кошаркари целосно ја преземат контролата и го добијат тој дел од играта со 25-16, со што го решија прашањето на победникот. Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје Аеродром беше Ноа Фарахан со 18 поени, додека Димитрије Николиќ додаде 17 поени и 3 скока. Искусниот Војдан Стојановски постигна 8 поени, а Лука Стојановски и Лесли Варнер завршија со по 7 поени. Кај победничката екипа незапирлив беше Стефан Митровиќ со 22 поени, следен од Филип Баровиќ кој забележа 16 поени и 6 скока. Поразот очекувано предизвика бран реакции кај симпатизерите на сино-белите на социјалните мрежи. Навивачите отворено го изразија своето незадоволство од играта, критикувајќи го бројот на странски засилувања кои, според нив, не го прават потребниот скок во квалитет. Коментарите како „Пет странци за што?“ и „Екипа за македонска лига, ништо повеќе“ најдобро ја отсликуваат фрустрацијата од резултатската реприза на минатите сезони во регионалните натпреварувања. Сепак, време за одмор нема. Кошаркарите на МЗТ Скопје веднаш се враќаат во главниот град бидејќи ги очекува напорен распоред. Веќе во вторник во „Јане Сандански“ гостува АЕК Ларнака во рамките на ФИБА Европа купот, додека само два дена подоцна, во четврток, тимот гостува во Струмица за предизвиците од домашната Суперлига. Овој