МЗТ Скопје Аеродром и Куманово ја отвораат сезоната со меѓусебен дуел за Суперкупот на Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Новата кошаркарска сезона во Македонија официјално ќе биде отворена денеска со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“, кој ќе се игра во Куманово. Во борбата за првиот трофеј во сезоната ќе се сретнат актуелниот шампион и бранител на трофејот во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром, и домаќинот Куманово. Натпреварот е закажан да започне во 18 часот. Овој дуел претставува реприза на ланското финале во Купот на Македонија, во кое МЗТ Скопје Аеродром до трофејот стигна совладувајќи ги кумановци. Токму затоа средбата во Куманово носи дополнителна тежина за двете екипи, кои сакаат успешно да ја отворат новата натпреварувачка година. Тренерот на Куманово и поранешен македонски селектор, Марин Докузовски, пред натпреварот изрази задоволство што неговата екипа ќе има можност да се соочи со најсилниот домашeн конкурент уште на самиот почеток. Според него, нема подобра проба пред почетокот на првенството, а очекувањата се натпреварот да биде вистински спектакл пред полна сала. Докузовски нагласи дека неговиот тим е спремен да даде сè од себе, дека располага со добар ростер, добри и борбени играчи, и дека очекува максимално агресивна игра во одбрана, со задоволна публика во Куманово од претставувањето на неговата екипа. Од другата страна, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, истакна дека за неговиот клуб Суперкупот традиционално претставува еден вид отворање на сезоната. Тој потсети дека Суперкупот е еден од трофеите кои МЗТ Скопје Аеродром посакува да ги задржи, изразувајќи уверување дека неговата екипа има квалитет да го стори тоа. Атанасов оцени дека МЗТ Скопје е најдобар кога игра на гости и победува кога игра на гости, што, според него, е одлика на големите екипи, а неговиот тим токму тоа и го претставува. Затоа очекува добра атмосфера, добра игра и, како што рече, задржување на трофејот во клубот. Двете екипи во натпреварот влегуваат со јасна цел – освојување на првиот трофеј во новата сезона и потврда на амбициите пред почетокот