МВР: Сообраќајната безбедност значително подобрена – 34 животи помалку изгубени во првите осум месеци од 2026 година
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Во првите осум месеци од 2026 година, безбедносната состојба во патниот сообраќај во Македонија бележи значително подобрување, покажуваат податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи. Според официјалните бројки, во периодот од јануари до август 2026 година животот го загубиле 62 лица, додека во истиот период од претходната година загинале 96 лица. Тоа претставува намалување од 34 загинати лица, односно намалување од 35,42 отсто. Вкупниот број настрадани лица во сообраќајни незгоди е намален од 4.731 во 2025 година на 3.868 во 2026 година. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, што претставува намалување од 18,24 отсто. Од МВР велат дека овие бројки се јасна потврда дека системскиот пристап во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот дава конкретни резултати. Вкупниот број сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, односно за 11,76 отсто. Бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици е намален од 82 на 54, или за 34,15 отсто, додека бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди е намален од 594 на 528, односно за 11,11 отсто. Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди е намален од 2.291 на 1.896, или за 17,24 отсто, а бројот на сообраќајни незгоди со материјална штета од 2.518 на 2.362, односно за 6,20 отсто. Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09 отсто или 833 лица. Бројот на лица со тешки телесни повреди е на приближно исто ниво – 686 во 2025 година и 690 во 2026 година. Од МВР нагласуваат дека значењето на овие резултати е уште поголемо ако се земе предвид дека со години бројот на жртвите во сообраќајот останувал на високо ниво. Во периодот од 2010 до 2025 година во сообраќајни незгоди годишно загинувале меѓу 116 и 198 лица, а во 2019 и во 2025 година биле регистрирани по 132 загинати лица. Тоа покажува дека подолг период не било постигнато суштинско и одржливо намалување на бројот на жртвите. Според министерството, позитивната промена во 2026 година е резултат