МВР со засилени контроли низ државата: Телефонот во рака додека возите може да ве чини скапо
FinPortal.mk · 6.10.2026 г.
Министерството за внатрешни работи од денеска започнува засилени сообраќајни контроли на територијата на целата држава, насочени кон откривање и санкционирање на возачите кои непрописно користат мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди за време на управување со возило. Акцијата се спроведува во периодот од 5 до 11 октомври и е дел од меѓународната кампања на европската мрежа на сообраќајни полиции ROADPOL, позната под името „Focus on the Road“. Според информациите од МВР, кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел да се намалат ризиците што произлегуваат од одвлечено внимание при возење и да се подигне нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на оваа акција, сообраќајната полиција ќе врши појачени контроли на патиштата, со посебен акцент на откривање на возачи кои пишуваат пораки, разговараат на телефон, проверуваат известувања или ги користат социјалните мрежи додека управуваат возило. Од Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека ваквото однесување претставува сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“, велат од МВР. Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот, нагласувајќи дека последиците од невнимание можат да бидат трагични. „Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна“, порачуваат од МВР. Меѓународната кампања „Focus on the Road“ на ROADPOL се спроведува со цел да се подигне свеста кај возачите за опасноста од одвлечено внимание, кое според сообраќајните експерти претставува еден од најчестите фактори за настанување на сообраќајни незгоди со тешки