МВР меѓу најотворените министерства: 75,90 отсто исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за внатрешни работи (МВР) бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година. Според објавените резултати, МВР има 75,90 отсто исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3 отсто. Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области. Во доменот на интегритетот, МВР има 100 отсто исполнетост на индикаторите – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност. Исто така, 100 отсто исполнетост е забележана и кај четирите разгледувани индикатори за ефикасност, кои се поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење. Со вкупна отвореност од 75,90 отсто, МВР се наоѓа на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето. Дополнително, во областа на транспарентноста Министерството има 72,46 отсто исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија. Од МВР оценуваат дека овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните. Според нив, резултатите се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Од Министерството нагласуваат дека борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. „Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите“, се наведува во соопштението.

МВР меѓу најотворените министерства: 75,90 отсто исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026 | FinPortal.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната в