м.Услуги“ – дигитален паричник со лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за дигитална трансформација денеска ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон. Промоцијата ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, каде што ќе бидат претставени функционалностите на апликацијата и можностите што таа ги нуди за полесно користење на дигиталните услуги. Свои обраќања на настанот предвидено е да имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас. Според најавите, апликацијата треба да овозможи побрз и поедноставен пристап до јавните услуги и документи во рамки на процесот на дигитализација на администрацијата и унапредување на електронските услуги за граѓаните. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во пресрет на промоцијата изјави дека ова ќе биде прв чекор кон дигиталниот паричник. „Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилен телефон, односно на дланка“, рече Андоновски. Тој посочи дека „м.Услуги“ ќе овозможи пристап до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и до првите три дигитални услуги за граѓаните. Според Андоновски, апликацијата ќе може бесплатно да се преземе преку платформите Google Play и App Store, а корисниците преку внесување на личните податоци и бројот на личната карта ќе можат да ги повлечат своите дигитални документи. Министерот најави и натамошно проширување на функционалностите преку интегрирање на податоци од системот „М.здравје“ и европската младинска картичка, со цел „м.Услуги“ постепено да прерасне во сеопфатен дигитален паричник со повеќе документи и јавни услуги достапни на едно место. Тој додаде дека прифаќањето на електронските документи од институциите ќе се одвива етапно, преку усогласување на подзаконс