Мурињо: Во Реал Мадрид нема недопирливи, секој мора да се докажува на теренот

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до знаење дека во клубот нема фудбалери со привилегиран статус и дека секој играч мора да се докажува на теренот, без оглед на своето име или статус. Португалскиот стратег ова го изјави пред важниот дуел со Лајпциг во Лигата на шампионите, по кој „кралевите“ ги очекува и големото дерби со Барселона.
Мурињо изрази задоволство од напредокот на екипата во изминатиот период, но смета дека Реал сè уште не го достигнал посакуваното ниво. „Лајпциг е одличен тим. Победивме на три натпревари во краток период, а на последниот одигравме навистина добро. Тоа беше силен настап и мораме да продолжиме во истиот ритам“, изјави тренерот на мадридскиот гигант.
Португалецот имаше пофални зборови и за судијата Иштван Ковач, кој ќе ја дели правдата на претстојниот европски дуел. „Тој е судија од исклучително висок квалитет и среќен сум што ќе имаме таков арбитар на важен натпревар“, истакна Мурињо.
Кога станува збор за амбициите во Лигата на шампионите, тренерот повика на претпазливост. Според него, Реал најпрво мора да обезбеди пласман во следната фаза, а потоа да се обиде да заврши меѓу најдобрите осум екипи и да го избегне плејофот.
Посебно внимание привлече неговата порака за Винисиус Жуниор и конкуренцијата за место во стартниот состав. Мурињо не сака ниту еден фудбалер да смета дека позицијата му е загарантирана само поради своето име или статус. „Нема недопирливи играчи. Не ми се допаѓа идејата дека некој е недопирлив. Она што го прави еден фудбалер недопирлив се неговите настапи на теренот“, дециден беше Португалецот.
Тој нагласи дека на Реал му е потребно време за да ги усвои неговите идеи, бидејќи тимот сè уште е во процес на развој. „Тука сме три-четири месеци и невозможно е веќе да бидеме онаму каде што сакаме. Мораме постојано да напредуваме, и индивидуално и колективно. Знам колку се високи барањата во овој клуб и свесен сум дека има многу работа. Кога имам идеја, постојано размислувам за неа, но секогаш сум подготвен да ги анализирам работите. Мораме да продолжиме да работиме“, порача тој.
Мурињо зборуваше и за Арда Ѓулер и Федерико Валверде, потенцирајќи дека нивната способност да играат на различни позиции му дава дополнителни тактички можности. „Тие се различни фудбалери, но и двајцата можат да се приспособат на различни улоги. Секој натпревар и секој противник се различни. Се обидувам да го изберам најдобриот состав за тимот. Понекогаш ќе бид