Мукаетов: Назначувањето за генерален директор на „Алкалоид“ на 32 години беше една од поризичните одлуки
FinPortal.mk · 22.9.2026 г.
Назначувањето на Живко Мукаетов за генерален директор на „Алкалоид“ во 2006 година, кога имал само 32 години, денес се издвојува како една од поризичните одлуки во поновата историја на компанијата. Ова го истакна самиот Мукаетов, кој по две децении на чело на фармацевтската компанија зборуваше за патот што „Алкалоид“ го помина во изминатиот период, за клучните одлуки што го одредиле нејзиниот развој и за следната фаза од меѓународната експанзија. Мукаетов во „Алкалоид“ влегол во 1999 година, почнувајќи ја кариерата во маркетинг. Седум години подоцна бил назначен за генерален директор, а во 2007 година и за претседател на Управниот одбор. За патот на компанијата тој зборуваше на 25. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид, во разговор со извршниот директор на Берзата, Иван Штериев. Наместо големи кадровски промени по преземањето на раководната позиција, пристапот бил да се зачува искуството што веќе постоело во компанијата и истовремено да се внесе нова енергија, особено во продажбата. „Од денешна перспектива сметам дека беше многу мудро што направивме една навистина здрава комбинација на искуство и младост. Имавме искусни луѓе со квалитети и вредности со кои заедно градевме, а од друга страна, особено во продажбата, внесовме нова енергија и луѓе кои доаѓаа и од други фармацевтски и успешни компании во Македонија. Сметам дека тој микс, без некои длабоки резови, даде резултат“, рече Мукаетов. Резултатите од тој развој денес се мерат и со значително поголеми приходи и со присуство на повеќе странски пазари. За годинава, очекувањата се продажбата да достигне меѓу 355 и 360 милиони евра. „Имаме доста предизвици што треба да ги надминеме. Сепак, кога сè ќе се земе предвид, јас сум задоволен и очекуваме годината да ја завршиме некаде во рамките на планираната продажба. Тоа би требало да биде меѓу 355 и 360 милиони евра“, наведе Мукаетов. Растот не дошол само преку зголемување на производството и продажбата. Во различни периоди компанијата морала да носи одлуки