Мудис предупредува: стареењето на населението во Западот ги загрозува јавните финансии
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Западните економии се соочуваат со демографски пресврт што ќе ги оптовари јавните финансии уште пред населението реално да почне да се намалува, предупредува кредитната агенција Мудис. Според нејзината анализа, притисокот од стареењето се појавува многу порано од моментот кога бројот на жители ќе достигне врв и ќе сврти надолу. Европа е на самиот врв на оваа промена. Според проекциите на Европската комисија, населението на Европската унија ќе го достигне својот максимум веќе во 2029 година, по што започнува долготраен пад. Американскиот завод за статистика (U.S. Census Bureau) очекува населението на САД да го достигне врвот дури во 2080 година според основното сценарио, односно во 2043 година според сценариото со ниска имиграција. Без влијанието на имиграцијата, намалувањето на населението веќе започнало. Мудис потсетува дека денес економиите на Г7 имаат околу три лица во работна возраст за секое лице постаро од 65 години. Според прогнозите, тој сооднос ќе падне на околу два до 2050 година, што ќе врши дополнителен притисок врз растот и врз јавните финансии, вклучително и врз здравствените системи. Во извештај објавен минатата недела, Мудис прогнозира дека стареењето на светското население ќе има фундаментални последици врз глобалната економија и ќе доведе до тешки одлуки во креирањето политики. Додека растот на населението долго време беше поттик за раст и кредитна способност, падот на стапките на фертилитет и невидената брзина на промена на возрасната структура сега ја менуваат таа слика. Според извештајот, помалку работници ќе го ограничат производствениот капацитет, а помалку домаќинства и потрошувачи ќе ја ослабат побарувачката, поради што земјите ќе мораат повеќе да се потпираат на продуктивноста за да го одржат растот. Шемла оценува дека вештачката интелигенција и зголемената продуктивност можат само делумно да го ублажат долгорочниот предизвик од стареењето на работната сила. Како што објасни, тоа е делумно ублажување зашто може да се замени и подобри понуда