Муцунски во Софија: Коридорот 8 е стратешки приоритет, но добрососедството не е замена за членство во ЕУ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за надворешни работи на Македонија, Муцунски, присуствуваше на собир во Софија каде ја истакна позицијата дека добрососедските односи не претставуваат алтернатива на евроинтеграцијата, туку одат рака под рака со неа. Во своето обраќање тој ја нагласи важноста на регионалната соработка и инфраструктурното поврзување како клучни елементи за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. Според министерот Муцунски, критичната инфраструктура и коридорите како Коридорот 8 претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет на регионот. За Македонија, Коридорот 8 е национален стратешки приоритет и ја одразува решеноста географската положба да се претвори од ограничување во предност, со што ќе се зајакне поврзаноста на регионот во правец исток–запад. Муцунски подвлече дека значењето на Коридорот 8 е подеднакво јасно и за евроатлантската интеграција на земјата. Коридорот е дел од Трансевропската транспортна мрежа на Европската Унија и од пошироките напори за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура. За Македонија, како сојузник во НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ, тој има и јасна безбедносна димензија, вклучително и во однос на воената мобилност и отпорноста на инфраструктурата, нагласи министерот. Во овој контекст, Муцунски ја поздрави одлуката на бугарските домаќини да ја поканат Украина на денешниот собир, оценувајќи дека нејзиното учество го потврдува поширокото стратешко значење на поврзаноста исток–запад. „Нејзиното учество го потврдува поширокото стратешко значење на поврзаноста исток–запад и нè потсетува дека инфраструктурата што ја градиме денес мора да одговори на потребите на утрешна Европа“, рече тој. Министерот посочи дека Македонија покажала јасна и континуирана посветеност на претворањето на Коридорот 8 од стратешка амбиција во изградена инфраструктура. Тој информира дека се напредува со реализацијата на клучните патни и железнички делници и дека тесно се соработува со соседит

Муцунски во Софија: Коридорот 8 е стратешки приоритет, но добрососедството не е замена за членство во ЕУ | FinPortal.mk

Министерот за надворешни работи на Македонија, Муцунски, присуствуваше на собир во Софија каде ја истакна позицијата дека добрососедските односи не претставуваа