Муцунски: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста на Европа
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не претставува само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на отворањето на конференцијата „Европски дијалози, европско наследство и иднина“ во Скопје. Муцунски истакна дека европската перспектива на регионот е од стратешко значење и за самата Европска Унија, пренесе МИА. Според него, членството во ЕУ останува стратешка определба на Македонија, но пристапниот процес треба пред сè да придонесе за подобрување на институциите и создавање нови можности за граѓаните. „Пристапниот процес треба да го трансформира нашето општество, да ги зајакне нашите институции и да создаде повеќе можности за нашите граѓани. Тој не треба да го трансформира нашиот национален идентитет“, порача Муцунски. Министерот за надворешни работи нагласи дека европската перспектива треба да остане кредибилна, предвидлива и заснована на заслуги, при што напредокот на земјите кандидати треба да зависи од спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми. Конференцијата „Европски дијалози, европско наследство и иднина“ се одржува во Скопје од вечерва до 2 октомври. На отворањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер. Ле Риголер посочи дека „Европските дијалози“ се организираат од 2023 година во различни европски градови со цел да се поттикне дебата за иднината на Европа и европскиот проект. Говорејќи за темата на годинашното издание – „Наследство и европска иднина“ – тој истакна дека историјата и иднината се неразделно поврзани. Според францускиот амбасадор, конференцијата во Скопје е завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, иницирана од Франција во 2024 година со цел поттикнување дијалог за историските сеќавања и создавање заеднички европски перспективи на Западен Балкан. Ле Риголер нагласи дека Европа не се г