Муцунски и Петрова во четврток на билатерална средба во Софија – прв чекор кон деблокирање на евроинтеграциите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија, Велислава Петрова и Тимчо Муцунски, во четврток ќе имаат можност да одржат билатерална средба во Софија, во рамките на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8, организирана од бугарската шефица на дипломатијата. Средбата доаѓа како дополнителна можност побарана од официјален Брисел и треба јасно да покаже дали и понатаму ќе има застој меѓу двете земји или официјалните Скопје и Софија конечно ќе седнат на маса за да најдат решение. На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународната министерска конференција за Коридорот 8, на која ќе учествува и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Во рамките на овој форум е предвидена можноста за билатерална средба меѓу двајцата шефови на дипломатиите, која е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји. Главна тема на разговорите ќе биде дијалогот и деблокирањето на патот на Северна Македонија кон интеграцијата во Европската Унија, а од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е испратена официјална нота за одржување на средбата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Скопје го советуваше премиерот Христијан Мицкоски на претстојната средба во Софија да се одржи билатерална средба со шефот на бугарската дипломатија, со цел да се направи обид Северна Македонија повторно да се врати на вистинскиот пат кон преговорите со Европската Унија. Тоа го потврдува и фактот дека средбата доаѓа како дополнителна можност побарана токму од официјален Брисел, што ѝ дава дополнителна тежина на средбата во четврток. Од билатералната средба во Софија меѓу министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, и неговата бугарска колешка Велислава Петрова, се очекува да се направи обид за деблокирање на заглавениот процес на европската интеграција на Скопје. Северна Македонија ја гледа оваа средба како прв чекор за придвижување на евроинтегративниот процес од мртва точк

Муцунски и Петрова во четврток на билатерална средба во Софија – прв чекор кон деблокирање на евроинтеграциите | FinPortal.mk

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија, Велислава Петрова и Тимчо Муцунски, во четврток ќе имаат можност да одржат билате