Муцунски и Петрова денеска на билатерална средба во Софија на маргините на Самитот за Коридорот 8

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, денеска ќе се сретнат во Софија, на маргините од Меѓународната конференција за развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8. Средбата е официјално потврдена, а како што вчера информираше премиерот Христијан Мицкоски, форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат утврдени. Премиерот Мицкоски вчера изјави дека во текот на денот е добиена официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително стојат во дипломатската нота дека ќе бидат договорени. „Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира“, изјави Мицкоски. За пораките што ќе бидат испратени на средбата, премиерот истакна дека во фокусот ќе биде потенцирањето дека само со дијалог може да се надмине моменталната состојба. „Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме“, рече Мицкоски. Иницијативата за средбата произлезе за време на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. На заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен, Мицкоски порача дека Европската Унија би требало да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија и да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, а обврските ќе важат за сите. Премиерот изјави и дека од претседателката на Европската комисија добил совет како еден од чекорите за приближување на ставовите да биде токму престојната средба. Уште истиот ден, Муцунски испрати диплома

Муцунски и Петрова денеска на билатерална средба во Софија на маргините на Самитот за Коридорот 8 | FinPortal.mk

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, денеска ќе се сретнат во Софија, на маргините од Меѓународната