Муцунски и Петрова Чамова утре разговараат во Софија на маргините на состанокот за Коридорот 8

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски утре во Софија ќе има разговори со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, на маргините на Министерскиот состанок за Коридорот 8, потврди официјално бугарската страна. Средбата доаѓа во момент кога двете земји продолжуваат да бараат начин да ги надминат отворените прашања што го блокираат патот на Македонија кон Европската унија. Како што беше соопштено, засега не е познат форматот и начинот на остварување на средбата, бидејќи во самата дипломатска нота е наведено дека тие дополнително ќе бидат утврдени. Состанокот за Коридорот 8 е мултилатерален настан, што остава простор разговорот меѓу двајцата министри да се одвива во неколку можни формати. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува средбата да придонесе кон надминување на спорот, нагласувајќи дека само преку дијалог може да се дојде до решение. „Ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull aside, дали ќе биде билатералка на маргините на Самитот за Коридорот 8, сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира“, рече Мицкоски. Тој потенцираше дека пораките на македонската страна се јасни и дека земјата е за добрососедски односи. „Пораките наши се јасни дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во која што во моментов се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел да бидеме дел од Европската унија, нешто што многу одамна го заслуживме“, изјави премиерот. Од опозицијата, пак, изразија скептицизам кон најавената средба. Од СДСМ велат дека од утрешните разговори не очекуваат ништо и сметаат дека тие воопшто не се потребни, откако во петокот претседателката на Европската комисија го потврди македонскиот идентитет и јазик. „Зошто има потреба сега откако тоа е потврдено да одиме во Софија и да разговараме за преговарачката рамка. Дали не е тоа напор наместо европеизација прават билат

Муцунски и Петрова Чамова утре разговараат во Софија на маргините на состанокот за Коридорот 8 | FinPortal.mk

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски утре во Софија ќе има разговори со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, на марг