Муцунски: Европската интеграција ја зајакнува позицијата на Македонија во новата геополитичка реалност

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис, денеска на прес-конференција во Скопје ги истакнаа заедничките приоритети за продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските и трговските врски, поддршка за стабилноста на Западен Балкан и европската интеграција, како и значењето на ОБСЕ во актуелниот безбедносен контекст. На средбата, која се одржа во рамки на посетата на швајцарскиот министер на земјава, биле разменети мислења за билатералните односи, трговијата, економијата и можностите за нови инвестиции и деловни партнерства, како и за развојната соработка во периодот 2025–2028 година. Двајцата министри разговарале и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици, швајцарското претседавање со ОБСЕ, состојбите во регионот, реформскиот процес во земјава и нејзината европска перспектива. Муцунски оцени дека посетата има двојно значење, бидејќи покрај билатералните прашања, во фокусот е и улогата на Касис како претседавач со ОБСЕ. Тој нагласи дека средбата се одржува во исклучително важен момент за мирот, стабилноста и безбедноста во Европа, но претставува и можност за потврдување на одличните односи меѓу двете земји и заедничката определба за нивно натамошно унапредување. „Со министерот Касис разговаравме за продлабочувањето на билатералната соработка со посебен акцент на трговијата, економијата и инвестициите. Оценивме дека постојат значајни можности за зајакнување на економските врски преку поголема поврзаност помеѓу деловните заедници и нови партнерства во повеќе области. Целта е економската соработка да стане уште посилен столб на односите и да создава можности за соработка и за граѓаните“, истакна Муцунски. Тој посочи дека во разговорите посебно внимание било посветено на ОБСЕ и актуелните состојби во регионот, при што бил поздравен ангажманот на швајцарското претседавање во услови на сложен безбедносен контекст.

Муцунски: Европската интеграција ја зајакнува позицијата на Македонија во новата геополитичка реалност | FinPortal.mk

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, И