Мрежата за заштита од дискриминација бара мораториум на свечености за „16 дена активизам“: Доста е од симболика додека жените умираат
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Граѓанските организации обединети во Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД) упатија отворено писмо до Владата, Собранието, меѓународните организации, амбасадите и целата јавност со кое бараат мораториум на сите протоколарни, свечени и промотивни настани во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Повикот доаѓа во момент кога, како што велат од мрежата, ситуацијата со насилството врз жените е алармантна и бара итна реакција, а не уште една рунда симболични активности. Во отвореното писмо, МЗД потсетува на седум фемициди – седум изгубени животи на жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци, чиј живот завршил на најсуров начин – запалена во автомобил. Од мрежата нагласуваат дека станува збор за дете кое требало да има иднина, а не да биде дел од статистиката на родово базирано насилство. Организациите укажуваат дека жртвите претходно пријавувале насилство и барале помош, обраќајќи се токму кај институциите кои имале обврска да ги заштитат. И покрај тоа, како што се наведува во писмото, тие денес не се меѓу живите. Оттука произлегува и централното прашање што го поставува МЗД: колку уште жени треба да бидат убиени за државата да почне да постапува и колку уште животи треба да се изгубат за институциите да престанат да ја заменуваат одговорноста со соопштенија, конференции и празни ветувања. Токму затоа, во пресрет на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Мрежата за заштита од дискриминација упатува јасен и недвосмислен повик за мораториум на сите протоколарни, свечени и промотивни настани во рамките на оваа кампања. Од МЗД ги повикуваат Владата, Собранието, сите надлежни институции, агенциите на Обединетите нации, Европската комисија, ОБСЕ, амбасадите, меѓународните организации, донаторите, граѓанските организации и целата јавност да се приклучат кон овој мораториум. Во писмото се истакнува дека е доста од осветлување згради во портокалово дод