МОН повлекува 14 учебници за седмо одделение од употреба

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Националната комисија за учебници донесе одлука за повлекување од употреба на 14 учебници за седмо одделение во основното образование, соопшти Министерството за образование и наука. Одлуката влегува во сила веднаш, а опфаќа учебници по повеќе предмети на македонски, албански, турски и српски наставен јазик. Според одлуката донесена на седницата одржана на 9 октомври 2026 година, од употреба се повлекуваат учебници по Македонски јазик од авторите Снежана Велкова и Соња Јовановска, одобрен во 2009 година, како и учебник по истиот предмет од Сузана Цветковиќ и Билјана Димковска, исто така одобрен во 2009 година. Меѓу повлечените е и учебникот по Албански јазик од авторите Зихни Османи и Фејзи Бојку од 2009 година, како и учебникот по Турски јазик од авторот Осман Емин од 2010 година. Од употреба се повлекува и учебникот по Српски јазик од авторите Добривоје Стошиќ и Билјана Георгиевска, одобрен во 2016 година. Во групата на повлечени учебници се најдоа и два учебници по Историја – едниот од авторите професор Ненад Нанески и професор Бехар Мехмети од 2005 година, а вториот од професор Милан Бошковски, професор Неби Дервиши и професор Јордан Илиоски, исто така од 2005 година. Повлечен е и учебникот по Географија од авторот Благоја Марковски, одобрен во 2019 година, како и два учебници по Ликовно образование – едниот од авторот Данчо Ордев од 2008 година, а вториот од Ана Цветкоска Панова и магистер Ангелина Дамјаноска Наумоска, исто така од 2008 година. Од употреба се повлекува и учебникот по Информатика од авторката Андријана Томовска, одобрен во 2020 година. Меѓу повлечените учебници е и учебникот по Музичко образование од авторите Фроска Дугановска Сапунџиева, Веселинка Маџарова и Фљурим Зуљфија, одобрен во 2020 година, како и учебникот по Физичко и здравствено образование од авторот Златко Павловски од 2008 година. Последен на списокот е учебникот по Етика од авторот Кирил Темков, одобрен во 2010 година. Во образложението од Националната комисија се наведува дека пов

МОН повлекува 14 учебници за седмо одделение од употреба | FinPortal.mk

Националната комисија за учебници донесе одлука за повлекување од употреба на 14 учебници за седмо одделение во основното образование, соопшти Министерството за