21.10.2026 - Мода АД Свети Николе - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Акционерското друштво Мода од Свети Николе, производител на конфекциска облека, во првите девет месеци од 2026 година остварило послаби производни и финансиски резултати во споредба со истиот период минатата година, се наведува во образложението на друштвото за периодот 01.01.–30.09.2026 година, објавено како ценовно чувствителна информација. Во извештајниот период нема промени во сметководствените политики. Друштвото остварило загуба пред оданочување во износ од 11.846 илјади денари, која е поголема во однос на остварената загуба за истиот период минатата година. Извозот изнесува 399.195 конфекциски единици, од кои 394.538 за КАСАМОДА од Германија и 4.657 за други партнери. Вкупната вредност на остварениот извоз е 2.106.016 евра. И во 2026 година продолжува намалувањето на побарувачката од главниот партнер од Германија, која се движи околу 2.500 парчиња дневно. Согласно намалените нарачки, дошло и до намалување на бројот на работници. Вкупниот број на работници во септември изнесува 230 работника и е за 78 работника помалку од јануари 2026 година. Како отпремнина за работниците кои доброволно земаа технолошки вишок се исплатени 10.492.682 денари. Остварената продуктивност, изразена преку остварен девизен прилив на еден работен час, изнесува 8,48 евра на час и е за 3% подобра од планираната. Просечната извозна цена изнесува 5,26 евра и е малку пониска од минатогодишната. Остварените расходи од работењето се за 15% пониски од минатогодишните. Најголем пад има кај трошоците за плати, кои се пониски за 17%, согласно со намалениот број на работници. Забележано е намалување на услугите и други трошоци од работењето, но нивното учество во вкупните трошоци од работењето е занемарливо, бидејќи трошоците за вработените учествуваат дури со 80% во однос на вкупните оперативни расходи. Тоа, како што се наведува, зборува за трудоинтензивниот карактер на дејноста, но исто така и за поголемиот раст на трошоците за плати во однос на цените на услугите кои ги обезбедува претпријатие