Младите во Македонија самостојно живеат дури по 30. година, додека во ЕУ се осамостојуваат четири години порано

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, што е значително подолго од просекот во Европската Унија, каде што младите се осамостојуваат на 26,3 години. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за 2025 година, кои откриваат дека Македонија се наоѓа меѓу земјите во Европа каде што младите најдолго остануваат да живеат со своите родители. Според податоците на европската статистичка агенција, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска, каде што просечната возраст на осамостојување изнесува 31,5 години. По неа следат Грција и Словачка со по 30,9 години, како и Шпанија и Италија, каде што младите си заминуваат од родителскиот дом на просечна возраст од 30,2 години. Македонија со своите 30,7 години се вбројува токму во оваа група земји каде што осамостојувањето доаѓа најдоцна. Спротивно на овие податоци, најрано од родителскиот дом си заминуваат младите во Финска, каде што просечната возраст на осамостојување е само 21,4 години. По Финска следат Данска со 21,8 години, како и Естонија и Литванија, каде што младите го напуштаат домот на родителите на просечна возраст од 22,7 години. Овие земји покажуваат сосема поинаква слика од онаа во Македонија и во поголемиот дел од јужна Европа. Во регионот, состојбата е слична на македонската. Младите во Србија остануваат со родителите до 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5 години, а во Бугарија до 27,9 години. Овие бројки покажуваат дека тенденцијата на подолго останување во родителскиот дом е карактеристична за целиот балкански регион, но и пошироко. Евростат забележува дека насекаде низ Европа постои тенденција младите сè подолго да остануваат во домовите на своите родители. Европската статистичка агенција оваа појава ја поврзува со стапката на вработеност на младите. Во 2025 година, стапката на вработеност кај младите на возраст од 20 до 29 години во Европската Унија изнесувала 65,5 отсто. Податоците покажуваат јасна врска меѓу вработеноста и возраста

Младите во Македонија самостојно живеат дури по 30. година, додека во ЕУ се осамостојуваат четири години порано | FinPortal.mk

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, што е значително подолго од просекот во Европската Унија, каде што млади