Младите во ЕУ сè уште тешко до самостоен дом: просечна возраст за напуштање на родителскиот дом 26,3 години

FinPortal.mk · 29.9.2026 г.

Младите луѓе во Европската Унија сè уште доцна го напуштаат родителскиот дом и често живеат во услови на пренатрупаност или со високи трошоци за домување, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2025 година. Според податоците, просечната возраст на која луѓето во ЕУ го напуштиле родителскиот дом во 2025 година изнесувала 26,3 години. Разликите меѓу земјите-членки се значителни — од 31,5 години во Хрватска до 21,3 години во Финска. Највисоки просеци, од 30 години или повеќе, се забележани во Хрватска (31,5), Словачка и Грција (по 30,9), како и во Шпанија и Италија (по 30,2). На спротивниот крај, најниски просеци, сите под 23 години, се регистрирани во Финска (21,3), Данска (21,8), како и во Естонија и Литванија (по 22,7). Состојбата во земјите на двата краја од овој опсег вообичаено останува стабилна со текот на времето, што отсликува различни практики за заедничко живеење на генерациите. Податоците покажуваат и дека 26,9 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години во ЕУ живееле во пренатрупани домаќинства, наспроти 16,8 отсто од вкупното население. Стапката на пренатрупаност кај младите е за 0,4 процентни поени повисока од 2024 година, а во секоја земја од ЕУ младите имале поголема веројатност од вкупното население да живеат во пренатрупани домаќинства. Разликата изнесува 10,1 процентен поен. Истовремено, 9,1 отсто од луѓето на возраст од 15 до 29 години живееле во домаќинства што трошеле 40 отсто или повеќе од расположливиот доход за домување, наспроти 7,7 отсто кај вкупното население. Евростат наведува дека младите во ЕУ следат многу различни патишта кон станбена самостојност. Во земјите каде што подоцна го напуштаат родителскиот дом, пренатрупаноста често е почеста појава. Таму каде што заминуваат порано, поголем дел од младите може да се соочат со преоптовареност со трошоците за домување. Сепак, оваа врска може да биде посложена и се разликува речиси од земја до земја. Неколку фактори можат да влијаат на одлуката за напуштање на домот, меѓу кои партнерск

Младите во ЕУ сè уште тешко до самостоен дом: просечна возраст за напуштање на родителскиот дом 26,3 години | FinPortal.mk

Младите луѓе во Европската Унија сè уште доцна го напуштаат родителскиот дом и често живеат во услови на пренатрупаност или со високи трошоци за домување, покаж