Младите се технолошки писмени, но не и медиумски — експертите бараат промени во образованието
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Младите генерации ја владеат технологијата, но заостануваат во критичкото мислење и во способноста да разликуваат вистински од лажни вести, беше оценето на панел дискусијата за медиумска писменост одржана во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), во рамките на Деновите на медиумска писменост 2026. На панелот насловен „Од дијалог до акција: Поврзување на образованието, политиките и практиката за зголемување на нивото на медиумска писменост“ експерти од образованието, медиумите и граѓанското општество побараа поголема институционална соработка и приспособување на образовните програми кон технолошкиот развој. Во дискусијата учествуваа претставници на Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија, Националниот младински совет на Македонија, Лице в лице, Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со нивната партнерска организација Иновативни медиуми, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Центарот за ресурси за родители на деца со посебни потреби. Учесниците нагласија дека покрај брзиот развој на вештачката интелигенција, образовниот систем мора да го смени начинот на кој ги подготвува новите генерации, а институциите треба да создадат политики и механизми за одговорна употреба на технологијата. Универзитетската професорка Јасна Бачовска оцени дека медиумската писменост треба да има поважно место и на универзитетите, посебно во новинарските програми. Таа истакна дека новиот предизвик за образованието, а особено за универзитетското, и за медиумите е вештачката интелигенција, чија употреба се зголемува брзо и во производството на медиумските содржини. Според неа, потребна е подготовка на нови студиски програми кои ќе одговорат на технолошките развојни трендови, но и поголема соработка со новинарите во однос на практиката, со цел студентите да се подготват за реалните предизвици на професијата. „На универзитетите мораме да имаме и предмети за медиумска писменост. Сега голем предизвик е и