Младите бараат институционални промени: 54% од нив се соочиле со корупција во образованието
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Повеќе од половина од младите во Македонија, поточно 54 проценти, изјавиле дека лично или посредно се соочиле со корупција во образованието. Овој загрижувачки податок произлезе од истражување спроведено со 629 млади луѓе од Скопје, Гостивар и Струмица, чии резултати беа претставени на Националниот форум „Млади за интегритет – Од гласот на младите до институционални промени“, што се одржа во хотел Холидеј Ин во Скопје во организација на Аналитика. Според истражувањето, речиси 70 проценти од анкетираните млади сметаат дека корупцијата ја урива вербата во трудот и знаењето. Овие наоди, како што беше истакнато на форумот, биле поттик за организацијата Аналитика да премине од истражување и препораки кон конкретни алатки и практични модели за спречување на корупцијата во училиштата. Форумот го отвори Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика, која се осврна на резултатите од истражувањето и нагласи дека организацијата преминала кон создавање можности младите самите да бидат носители на промени. „Од истражување преминавме кон конкретни алатки, од препораки кон практични модели, а од разговори со младите кон создавање можности тие самите да бидат носители на промени“, истакна Мијовиќ Христовска. Таа порача дека не може од младите да се бара да бидат храбри и да пријавуваат неправда, ако истовремено не им се обезбеди сигурност дека ќе бидат слушнати и заштитени. Според неа, за вистински промени е неопходна јасна институционална поддршка, а централните прашања на форумот беа како да се спречи неправдата да стане нормална појава уште во училишните клупи и како да се создаде средина во која чесноста, знаењето и трудот навистина ќе се вреднуваат. На форумот се обрати и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ја истакна улогата на училиштата и наставниците во развивањето чувство за правичност, одговорност и интегритет кај младите. Таа посочи дека секој наставник што објективно ги оценува учениците, без фаворизирање и лични влијанија, придонесува кон антик