Митровски-Урко: Ниту една федерација досега нема донесено три златни медали од едно светско првенство
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија и селектор на репрезентацијата, Дејан Митровски-Урко, изрази исклучително задоволство од настапот на македонските репрезентативци на Светското првенство за јуниори во Лидо де Јесоло, Италија, каде што нашата земја освои вкупно пет медали — три златни и два бронзени. Во изјава по завршувањето на првенството, Митровски-Урко истакна дека е убеден оти ниту една федерација досега нема донесено три златни медали од едно светско првенство, оценувајќи го овој резултат како историски за македонскиот кик бокс. Со златни медали од Италија се враќаат Глигор Николов, Калин Бабоски и Томи Андонов, додека бронзени одличја освоија Петар Лозаковски и Драгица Глигорова. Според селекторот, сите натпреварувачи покажале извонредна подготвеност и желба за победа, не штедејќи се ни најмалку, што го потврдуваат и многуте повреди кои ги добиле за време на натпреварите. Тој посебно го истакна настапот на најмладите членови на репрезентацијата, кои, како што рече, покажале вистинска борбеност и стекнале нови искуства за идните натпреварувања. „Јас како претседател и водач на оваа федерација која со години наназад е во постојан пораст, која е најмасовна и во континуитет со години носи најмногу медали, исклучително сум задоволен од сите наши натпреварувачи учесници на ова Светско првенство. Од сите тренери и судии во нашата федерација“, изјави Митровски-Урко, додавајќи дека сака јавно да ја искаже огромната гордост што е водач на оваа успешна и сложна федерација. Тој потсети дека федерацијата со години се соочувала со внатрешни и надворешни обиди да биде разурната, но дека заедничкиот труд и работа на сите вклучени ги надминале тие предизвици и ја довеле организацијата до врвот на светот и на врвот во Македонија. Според него, кикбоксот е најмасовен спорт и спорт број еден по резултати во нашата земја, што, како што нагласи, е резултат на долгогодишна посветена работа, а не на нечија дадена можност. Митровски-Урко јавно им се заблагодар