Митрополитот Петар демантира тврдења за тајна средба со Вартоломеј: зад иницијативата стоел клирик под забрана за свештенодејство
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Митрополитот Петар остро ги отфрли тврдењата на професорот Оливер Андонов за наводна договорена, а потоа откажана тајна средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, оценувајќи ги како невистини и манипулации со задни намери. Во опширно обраќање, митрополитот ја изложи својата верзија за тоа како пропаднал обидот за организирање на средбата и ги демантира тврдењата дека откажувањето било резултат на нечие влијание. Според демантот на митрополитот Петар, во игра воопшто не била никаква средба со патријархот Вартоломеј. Тој посочува дека дознал оти зад иницијативата стоел клирик на соседна црква, кој бил ставен под забрана за свештенодејство. Од описот на владиката Петар станува јасно дека мисли на архимандритот Никанор од Бугарската православна црква, кој има врски со Фанар и Света Гора. Реакцијата на митрополитот Петар доаѓа по интервјуто на Мартин Богатиновски со професорот Оливер Андонов, објавено на 9 ноември 2026 година, во кое професорот, меѓу другото, зборувал за наводна договорена па откажана тајна средба со Неговата Сесветост, Константинополскиот патријарх Вартоломеј. Петар во демантот наведува дека Андонов изнесува невистини и полувистини со цел да го обвини него, а да се оправда себеси и да се претстави како личност која ја издејствувала автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Српската православна црква, а сега, како што вели, останува само да го издејствува и томосот за автокефалност од Цариградската патријаршија под најповолни услови. Во врска со автокефалноста на МПЦ-ОА од СПЦ, митрополитот Петар одговорно изјавува дека, согласно томосот на СПЦ со кој нашата Црква е призната под уставното име и без никакви услови, што е прифатено и од Руската православна црква, во ниту една средба со претставници на СПЦ, делегирани од Синодот на СПЦ и српскиот патријарх г.г. Порфириј, не учествувал професорот Андонов, освен во својство на разузнувач, како и во водени разговори со еден професор, очевидно близок со СПЦ. Тој тврди дека А