Митрополит Пимен во Осло се сретна со претставници на исламската заедница и одржа духовно предавање пред македонските верници

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Митрополитот Европски Пимен, при својата посета на Норвешка, оствари средба со македонскиот амбасадор во Осло, Дритон Кучи, а потоа го посети и џамијата и исламскиот центар на Албанците од Македонија во норвешкиот главен град, каде што разговараше со претставници на исламската верска заедница. Посетата се случи во контекст на градењето пријателски односи и зачувувањето на духовниот идентитет на македонските иселеници, соопшти Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. На средбата во Амбасадата на Македонија во Осло биле разменети мислења за значењето на духовното поврзување на македонските иселеници и за можностите за унапредување на соработката во интерес на македонската заедница во Норвешка. По посетата на амбасадата, митрополитот Пимен, заедно со архиерејскиот заменик, протопрезвитер-ставрофор Блажо Кожарски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, и претставници на Македонската православна црква во Норвешка, го посетил исламскиот центар на Албанците од Македонија во Осло. „Различностите нè збогатуваат, а верата, почитта и љубовта кон ближниот нè обединуваат“, се наведува во пораката на Европската епархија, со повик ваквите средби да придонесат за продлабочување на пријателството, братството и мирот меѓу луѓето и верските заедници. Од Европската епархија ја истакнуваат важноста на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог, заемното почитување и соработката меѓу верските заедници. Гостите во исламскиот центар биле пречекани од претседателот на џамијата, Фатмир Шабани, претставникот на Исламската верска заедница, Фарук Терзиќ, и имамот Берат Хешани. Во текот на посетата, македонската делегација имала можност да се запознае со работата и искуствата на исламскиот центар, кој веќе три децении претставува духовно и заедничко собиралиште за верниците. Македонската православна црква во Норвешка, пак, е основана пред три год

Митрополит Пимен во Осло се сретна со претставници на исламската заедница и одржа духовно предавање пред македонските верници | FinPortal.mk

Митрополитот Европски Пимен, при својата посета на Норвешка, оствари средба со македонскиот амбасадор во Осло, Дритон Кучи, а потоа го посети и џамијата и ислам