Митовски со иронија одговори на критиките од ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со кравите во Крива Паланка
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, возврати со иронична објава на социјалните мрежи откако локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше неговото барање Владата да прогласи кризна состојба поради неконтролираното движење на добитокот низ градот. Проблемот со кравите што слободно се движат низ Крива Паланка предизвика нова политичка пресметка меѓу градоначалникот и опозициската партија, која го обвини дека ја префрла одговорноста на централната власт. Митовски на својот профил објави порака со која ги исмеа критиките на локалниот партиски комитет, претставувајќи ги како „прес соопштение“ со наслов „Митовски да одговори: КОЈ ИМ ПОСАДИ ЗЕЛКА НА КРАВИТЕ ЗА РУЧЕК?!“. Тој додаде и коментар со кој ја продолжи иронијата, повикувајќи се на кумановската народна изрека. „Има една кумановска народна ‘Утепа се Бато’. Е, тоа ти се овие од ВМРО во Паланка“, напиша градоначалникот. Реакцијата на Митовски следува по соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка, во кое партијата го критикуваше барањето на градоначалникот Владата да прогласи кризна состојба поради неконтролираното движење на добитокот. Од партијата оценија дека Митовски се обидува реалниот проблем на граѓаните да го претвори во политичка тема и одговорноста да ја префрли на Владата и државните институции. „Само да потсетиме дека овој проблем е децениски, СДС имаше апсолутна власт во Крива Паланка од 2017 до 2024, имаат градоначалник трет мандат по ред. Ако биле толку загрижени сите овие години ќе најделе начин да го решат проблемот“, наведоа од локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Владата и надлежните институции веќе презеле конкретни активности, при што досега биле одземени приближно 100 грла говеда. Од партијата порачаа дека барањето за кризна состојба потврдува оти општината и градоначалникот не се способни сами да го решат проблемот. Истовремено, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да бидат пречка за мерки што се во интерес на граѓаните, но бараат локалната самоуправа да преземе одговорност за об